Финансии

5 милиони евра годишно од буџетот за зголемувањето на платите на функционерите

04.04.2023 08:52

Од ресорот велат дека нема потреба од ребаланс на буџетот и дека одлуката на Уставен за укинување на двата члена, практично е усогласување со закон, бидејќи основицата 11 години била замрзната...

Најмалку 5 милиони евра годишно граѓаните ќе ги чини зголемувањето на платите на функционерите, пресметало Министерството за финансии. Од ресорот велат дека нема потреба од ребаланс на буџетот и дека одлуката на Уставен за укинување на двата члена, практично е усогласување со закон, бидејќи основицата 11 години била замрзната.

Владата сè уште анализира дали треба да се намали коефициентот на пресметка. Опозицијата реагираше дека СДСМ донесе највисока стапка на инфлација во регионот и Европа, повеќе криминал, но не заборави да си ги зголеми платите.

На 21-ви минатиот месец, Уставниот суд донесе одлука со која ги укина двата члена од законот, кои ја држеа основицата за пресметување на платите на функционерите на ниво од околу 26 илјади денари.