Стопанство

Стопанството оддолеа на енергетската криза

04.04.2023 11:56

Благодарение на сопствените инвестиции во мини централи и фотоволтаици, поголемите битолски стопански капацитети покажаа солидна издржливост, велат првите анализи, некаде стабилизирањето на енергетскиот ценовен шок што настапи во втората половина од минатата година...

По падот на светските берзи на цената на електричната енергија на 100-150 евра за мегават час, битолските поголеми стопански капацитети полесно дишат. Цената која во втората половина од минатата година почна да дивее и за четири до пет пати беше поголема од актуелнава, иако остави финансиски дупки во работењето, првичните анализи се дека најголем дел од капацитетите покажаа жилавост.

Инвестициите во мини централи и фотоволтаици, велат беше најдобриот одбранбен механизам а сегашниве цени на струјата го намалуваат стресот. Од тој аспект релаксираност ќе има, но останува предизвикот како да се надоместат одредените финансиски загуби, но и да се модернизира производниот процес при актуелниве кредитни каматни стапки.

Милошовски како многу позитивна ја оценува владината политика за компаниите кои инвестираат. За минатата година на стопанските субјекти кои инвестирале ќе имаат поврат од 30 насто од инвестицијата, а додека за предминатата година, добија ставка на поврат од 25 проценти што е добра финансиска инекција, велат од Регионалната стопанска комора.

 

 

Стевче Митревски