Наука

Наса ги претстави имињата на четворицата астронаути кои ќе летаат околу Месечината

05.04.2023 10:42

НАСА денеска откри кои се четворицата астронаути кои ќе летаат околу Месечината до крајот на следната година. Првата екипа на Месечината по 50 години вклучува една жена и тројца мажи, од кои еден Канаѓанец...

НАСА денеска откри кои се четворицата астронаути кои ќе летаат околу Месечината до крајот на следната година. Првата екипа на Месечината по 50 години вклучува една жена и тројца мажи, од кои еден Канаѓанец.

На церемонија во Хјустон, НАСА ги претстави Рид Вајсман од НАСА, Виктор Гловер и Кристина Кох и Џереми Хансен од Канада. Тие нема да слетаат, па дури и нема да одат во орбитата на Месечината. Наместо тоа, тие ќе летаат околу Месечината и ќе се упатат директно назад кон Земјата. 10-дневната мисија ќе биде увертира за слетување на Месечината во 2025 година.

Мисијата (Artemis II) треба да се одржи во ноември 2024 година со четиричлениот екипаж кој ќе кружи околу Месечината, но нема да слета на неа.

Тест-летот за Artemis II ќе трае 10 дена и ќе биде лансиран со ракетата Space Launch System за да се тестираат системите за поддршка на живот на Orion и да се потврдат техниките потребни за луѓето да живеат и да работат во длабоката вселена.

 

 

 

 

 

*Извор: Interesting Engineering