здравје

Здравствени придобивки од проќељот

06.04.2023 11:07

Овој нискокалоричен зеленчук е вистинско чудо кога станува збор за хранливи материи. Одличен извор е на витамин А (во облик на бетакаротен), Б, Ц, Е и К, а содржи и бројни минерали: калиум, манган, железо, магнезиум, бакар, калциум...

Прокељот се смета за зеленчук богат со антиоксиданти и протеини, но и со диетални влакна. Овој нискокалоричен зеленчук е вистинско чудо кога станува збор за хранливи материи. Одличен извор е на витамин А (во облик на бетакаротен), Б, Ц, Е и К, а содржи и бројни минерали: калиум, манган, железо, магнезиум, бакар, калциум.

Тука се и омега-3 масните киселини, белковините, влакна, триптофан, лутеин, зеаксантин. 100 грама прокељ содржи околу 40 калории, но има и низок гликемиски индекс, поради што е одличен избор за луѓето кои сакаат да ослабат.Иако здравствените придобивки од прокељот често се истакнуваат, некои луѓе имаат негативни искуства по консумирањето на овој зеленчук богат со растителни влакна.

Може да предизвика дигестивни проблеми но ова првенствено се однесува на лицата со синдром на нервозно дебело црево кај кои одредени влакна може да предизвикаат надуеност. Прокељот содржи четири грама влакна по чаша. Тоа му помага на дигестивниот систем да работи подобро и побрзо.

Прокељот е одличен извор на калиум. Има голем број функции, вклучително и ефекти врз здравјето на срцето и крвниот притисок. Според експертите овошјето и зеленчукот богати со калиум го штитат кардиоваскуларниот систем.

Калиумот служи како противтежа на солта во телото, а бидејќи солта го зголемува нивото на крвниот притисок, храната богата со калиум треба повторно да воспостави рамнотежа во телото. Прокељот помага да се контролира холестеролот. Храната богата со растителни влакна ја подобрува апсорпцијата на холестеролот во дигестивниот тракт пред да влезе во крвотокот.

Исто така прокељот е одличен извор на витамин Ц. Една шолја сварен прокељ задоволува речиси половина од препорачаниот дневен внес на тој витамин. Заради изобилието на витамини, минерали и омега-3 масни киселини, прокељот придонесува за здравјето на кожата и сврзувачките ткива.

Нутриционистите советуваат да се избегнуваат главички со пожолтени и овенати листови. Ако се свежи, можат да останат во таква состојба и до 10 дена, доколку се чуваат правилно. Да се стават во пластична кесичка, цврсто затворена со истиснат воздух. Не треба да се мијат пред да се стават во фрижидерот, туку само непосредно пред употреба. Според нутриционистите, на прокељот му се доволни 5 минути варење, најдобро на пареа.