Утре конститутивна седница на осмиот состав на Собранието
Вељаноски потпиша Решение за свикување конститутивна седница на осмиот состав на Собранието на Република Македонија за утре во 13,00 часот...

Спикерот Вељаноски ја закажа за утре во 13 часот конститутивната седница на новиот парламентарен состав со којашто треба да претседава најстариот пратник. На дневниот ред формирањето на конститутивната седница која што треба да ги потврди 123-те мандати.
Потоа на дневен ред е информирањето на комисијата за избори и менувања којашто може да го даде предлогот до собранискиот спикер, но предлогот може да дојде и со потпис на 20 пратеници.
За да биде избран претседателот на Собранието, потребно е да се обезбедат мнозинство од вкупниот број пратеници, вкупно 62 гласа.
Кој се ќе биде присутен утре во собраниската сала? Како што е познато шест партии обезбедија места во новиот законодавен дом, но СДСМ и НДП најавија дека нема да ги прифатат мандатите.
Засега на јавноста и е непознато на кој начин ќе го изведат тоа.
Според аналитичарите, закажувањето на конститутивната седница шест дена пред истекот на законскиот рок, говори дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се блиску до усогласувањето околу новиот владин кабинет.
Виолета Димовска