Израел

Ракетен напад врз Либан и Појасот Газа

07.04.2023 11:19

Израел го нападна јужен Либан и бомбардира цели во Појасот Газа. Погодени се три локации на Хамас во јужен Либан и повеќе од 10 цели во Појасот Газа...

Израел го нападна јужен Либан и бомбардира цели во Појасот Газа. Погодени се три локации на Хамас во јужен Либан и повеќе од 10 цели во Појасот Газа. Од полноќ биле истрелани 44 ракети врз еврејската држава од палестинската енклава. Нередите се случуваат во период кога Евреите ја слават Пасха, а муслиманите, светиот месец Рамазан.

„Спиевме, се беше во ред. Се случи пред последниот оброк пред Рамазан. Мајка ми требаше да нè пробуди за да јадеме, но слушнавме звук однадвор. И еве што се случи. За среќа, никој не настрада“, изјави жител.

Во 2021 година, ескалацијата предизвикана од судирите во џамијата Ал Акса во Ерусалим, доведе до 11-дневна војна меѓу Израел и Хамас коишто управуваат со Газа.