Канада

Жртви во зимска бура во Канада

07.04.2023 11:21

Жртви во зимска бура во Канада. Еден човек загина во Квебек по пад на дрво, додека друг настрадал од падната гранка во источниот дел на Онтарио...

Жртви во зимска бура во Канада. Еден човек загина во Квебек по пад на дрво, додека друг настрадал од падната гранка во источниот дел на Онтарио.

Над милион луѓе останаа без струја пред празничниот викенд. Предизвикана е голема материјална штета, урнати се дрвја и далноводи.

Премиерот Џастин Трудо, понуди сојузна помош.