Маск ќе го продаде „Твитер“ ако дојде вистинскиот купувач

12.04.2023 11:39

Тој во интервју за Би-Би-Си, на прашањето дали се кае што го купил Твитер, рече дека „нивото на болка е исклучително високо, а тоа не е некаква забава“.

Сопственикот на „Твитер“, Илон Маск, во интервју за Би- Би- Си изјави дека управувањето со оваа социјална мрежа е „прилично болно“ и „турбулентно“ и дека ќе ја продаде компанијата доколку дојде вистинската личност.

Маск, кој е сопственик на „Тесла“ и „Спејс Икс“, го купи „Твитер“ за 44 милијарди долари во октомври, а неговото лично богатство се проценува на речиси 190 милијарди долари, што го прави вториот најбогат човек, според листата на милијардери на Форбс во светот.

Тој во интервју за Би-Би-Си, на прашањето дали се кае што го купил Твитер, рече дека „нивото на болка е исклучително високо, а тоа не е некаква забава“.

Додаде дека тоа е „навистина стресна ситуација во последните неколку месеци“, но нагласи дека сѐ уште верува дека купувањето на компанијата е вистинската работа.