Македонија
Свечено отворање на меѓународната манифестација „Вавилон“ во ДПМ
03.05.2023 12:38
Добитници на истоимената награда се македонскиот писател Јордан Плевнеш и Игор Мировиќ од Војводина...

Денеска, во 11 часот, во Друштвото на писатели на Македонија, свечено ќе биде отворена меѓународната манифестација „Вавилон“, а утре, во 11 часот, ќе има читање во Галеријата Даут пашин амам.
Добитници на истоимената награда се македонскиот писател Јордан Плевнеш и Игор Мировиќ од Војводина. Признанието „Македониум“ ќе им биде доделено на Културно-информативните центри на РС Македонија во Њујорк, Софија, Истанбул, Тирана и Загреб. Ќе учествуваат еминентни македонски и странски поети.
