Култура

Со „Набуко“ се отвораат „Мајски оперски вечери“

03.05.2023 13:56

На 9-ти мај во 20.00 часот, со премиерната изведба на „Набуко“ од Џузепе Верди ќе биде отворено 51-то издание на престижната манифестација „Мајски оперски вечери“. Фестивалскиот оган ќе го запали маестро Томислав Шопов. „Мајски оперски вечери“ продолжуваат со „Лебедово Езеро“ и „Кармен“. Годинава се одбележува и 210-годишнината од раѓањето на композиторот Верди...

Со операта „Набуко“ се отвора 51-то издание на „Мајски оперски вечери“. Меѓународниот фестивал продолжува со најубавите и најграндиозни оперски претстави.

„Кармен“ „Травијата“, „Лебедово езеро“ и „Реквием“ ќе бидат изведени од реномирани домашни и светски режисери, диригенти, кореографи и солисти.

Диригентот од Италија Даниеле Аџиман рече дека фестивалот е важен и на меѓународно ниво, а одговорноста е голема бидејќи станува збор за операта „Набуко“ која можеби е една од најсложените италијански опери. Пробите биле тешки и напорни, но соработката со колегите од светот прекрасна, истакнаа солистите.

„Набуко“ ги отвора а „Аида“ ги затвора 51-те „Мајски оперски вечери“. Меѓународниот фестивал на оперската уметност почнува на 8-ми а ќе трае до 31-ви мај.

 

Александра Спировска