Трка

Стефановски со нов рекорд и победа во Шпанија

08.05.2023 13:32

Во рамките од ФИА Европскиот шампионат на ридските патеки Игор Стефановски – Иџе донесе нов голем резултат за нашата земја...

Македонскиот возач оствари победа во Шпанија, а покрај освоениот пехар, на трката постави и нов рекорд. Иџе во трите трки во Шпанија заврши со вкупно време од 5:54,765, со што запиша рекорд во својата конкуренција. Покрај првата позиција во својата група, Иџе имаше десетто најбрзо време во вкупниот поредок. Во рамките од ФИА Европскиот шампионат на ридските патеки Игор Стефановски – Иџе донесе нов голем резултат за нашата земја. Во категорија „1“, Стефановски се најде на врвот во групата „3“ пред Шпанецот Алберто Ордоњез Лосада и О’Плеј од Италија. На четвртата позиција се најде Милован Весниќ од Србија, а петтопласиран е Никола Грание од Франција.

Кога се работи за генералниот пласман сезонава, по три трки Иџе е при врвот. Со две победи и едно второ место Стефановски е меѓу водечките во сите конкуренции, откако беше најбрз и во Франција, а втор во Австрија.