Древната Ватиканска библиотека ќе се дигитализира!

13.05.2014 12:04

Колекциите потекнуваат уште од времето на почетокот на издигнувањето на Католичката Црква, а за остварување на првата фаза од дигитализацијата ќе бидат потребни 4 години и околу 20 милиони долари...

Ватиканската библиотека започна со дигитализација на вредните колекции со древни ракописи.
 
Колекциите потекнуваат уште од времето на почетокот на издигнувањето на Католичката Црква, а за остварување на првата фаза од дигитализацијата ќе бидат потребни 4 години и околу 20 милиони долари.
 
Остварувач на проектот ќе биде Јапонската компанија NTT Data Technology.
 
Проектот ќе опфати дигитализација на околу 3 000 документи, рачно напишани, кои содржат дури 82 000 ракописи на околу 40 милиони страници.
 
Ова ќе биде само дел од првата фаза, а во следните неколку фази се очекува и префрлање на се она што може да се најде во библиотеката која постои од 15-от век.
 
Помеѓу ракописите ќе се најдат и значајните дела од областа на математиката, правото, медицината, античката книжевност и средновековните ренесансни ракописи.
 
Целокупниот процес се предвидува да трае околу 9 години.