На следниот јунски собир МПЦ и СПЦ ќе разговараат за Вранишковски
Владиците на македонската православна црква охридска архепископија на следната јунска седница ќе го разгледуваат случајот Јован Вранишковски, кога синодот ќе биде во полн состав.

До тогаш ќе се чека ставот на српската црква која се очекува прашањето за дијалог со МПЦ да го отвори на собирот кој ќе се одржи на средината на мај. До сегашните обиди за дијалог меѓу СПЦ и МПЦ секогаш завршуваа со условување од српска страна најпрвин Вранишковски да биде пуштен од притвор.
„Парницата продолжува, беше кажано тоа што беше кажано, но сеуште нема никавки исклучоци, не би можел во овој момент ништо да ви кажам“, изјави Тимотоеј
Накратко седницата беше прекината бидејки делегација на синодот замина кај претседателот Иванов да му го честита реизборот. Од двете страни нема информации дека на средбата се отворило прашањето за Јован Вранишковски. Инаку владиците го прифатиле извештајот на архиепископот Г.г. Стефан кој во неделата се сретна со бугарскиот патријарх Неофит и со него беше во олтарот за време на литургијата.
Заклучокот на македонските владици бил дека таквиот вид црковна дипломатија треба да продолжи со зајакнато темпо.
