Зголемен откуп на земјоделски производи

14.05.2014 09:38

Трговијата со земјоделски производите во март била поголема од ланската. Според статистиката најмногу на листата се продавале житото и млекото...

Според статистика, вредноста на вкупната купопродажбата на земјоделски производи во март годинава изнесувала скоро 730 милиони денари или за 24,7 проценти повеќе  од истиот месец лани.

Кај индивидуалните фармери вредноста на купеното е зголемена за 77 проценти, додека продажбата од сопствено производство на комбинатите е во обратна насока и е намалена за 26 проценти.

Зголемувањето на цените  на откупените земјоделски производи има и кај житата, индустриските растенија, млекото и рибата, а поевтино чинеле овошјето, добитокот, живината и јајцата.

 

Методија Трајков