Тече истрагата за вчерашната сообраќајна несреќа на патот Велес- Штип
Железничкиот сообраќај на патниот правец Велес- Штип е нормализиран...

Се уште се прават конкретни истражувања за причините за вчерашниот немил настан. Железничкиот сообраќај на патниот правец Велес- Штип е нормализиран, јавува дописникот на МРТ од терен.
На скопскиот Клинички центар лежат 11-мина повредени од вчерашната несреќа во овчеполието. На Карил се двајца пациенти и се уште се на интензивна нега.
Во текот на денот ќе им бидат направени дополнителни испитувања. На клиниката за трауматологија се сместени 5-мина пациенти и се во добра општа здравствена состојба.
Еден пациент е на клиниката за неврохирургија. Сите пациенти се надвор од животна опасност.
Вчера попладне повредените ги посети и премиерот Никола Груевски при што лично се запозна со здравствената состојба на пациентите.
