Прилеп го изгради најфрекфентниот влез во градот
Безбедното патување и убавата слика за еден град се обврски на една урбана средина. Според сите стандарди Прилеп го изгради најфрекфентниот влез во градот од Плетвар. Проектот од 1,3 милиони евра е почеток за уредување на градските влезни патишта...

Прилеп го доби првиот булеварски уреден, магистрален влез во градот од Плетвар. За непона година во две фази целосно е изграден булеварот од близу два километри, вреден 80 ина милиони денари, пари од програмата на Светска банка.
„Улицата е широка 12 метри, значи имаме 4 коловозни ленти од по три метри, двострани велосипедски патеки и двострани тротоари за пешачкото движење.Се постави и нова подземна инфраструктура и се изработи комплетно улично осветлување“, вели Љупчо Митрески, раководител на одделението за локални патишта при локалната самоуправа на Прилеп.
Булеварот вреден 1,3 милиони евра на најфреквентниот влез во Прилеп од Плетвар е граден според сите стандарди, уверуваат надлежните. Треба да обезбеди сигурно и убаво патување. Безбедноста во сообраќајот се подигнува на повисок степен.
Овој проект ќе заврши со кружен тек на сообраќајот и донација од 50 000 евра од Светска банка.
„За возачите е рај. Многу убаво. Има и добра пешачка патека...Нормално, побезбедно е, широка е улицата, 12 метри е широка, добро е што се направи...“, велат прилепчани
Ќе се гради и вториот фрекфентен влез на патот за Битола.
„Влегуваме и во трета фаза во договорот со Светска банка. Ќе започне регулацијата и уредувањето на вториот главен влез. Тоа е влезот од Битола кај хотел „Салида“ до раскрсницата „Чумовчанец““, вели Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Работите на вториот влез во градот ќе почнат кон крајот на годинава.
Елизабета Митреска
