Борење
Могамедгаџи Нуров, прво место на меѓународниот турнир „Али Алиев“
22.05.2023 20:54
Нашиот репрезентативец со четири победи влезе во финалето на силниот турнир во Касписјк, Дагестан-Русија...

Прво место на меѓународниот турнир „Али Алиев“ во категоријата 97 кг. освои македонскиот борач Могамедгаџи Нуров.
Во финалната борба Нуров се бореше против Г. Тажудинов од Русија, победникот на Хасајуртовскиот турнир, кој во последните секунди го победи европскиот и светскиот првак Балтукаев од Чеченија, Русија. Нашиот репрезентативец со четири победи влезе во финалето на силниот турнир во Касписјк, Дагестан-Русија.