Турција: Билансот порасна на 232 загинати рудари

14.05.2014 14:43

Турската Влада прогласи тродневна национална жалост поради несреќата во рудникот за јаглен во која загинаа 232 рудари,соопшти Канцеларијата на премиерот Реџеп Таип Ердоган...

Трагичниот биланс достигна 232 загинати, додека стотини се заробени под земјата по експлозијата во рудникот во провинцијата Маниса, во западна Турција.
 
Акцијата за спасување на рударите траела во текот на ноќта,а од извлечените, 80 се повредени ,од кои четворица сериозно ,изјави министерот за енергетика Танер Јилдиз. Во акцијата на извлекување од окната се вклучени 400 спасители ,а главна причина за големиот број загинати  е труењето со отровни гасови.
 
Пожарникарите се обидуваат  да внесат чист воздух во делот на рудникот каде што се заробените рудари. Според проценките, тие се наоѓаат на длабочина од  2 километра, односно на 4 километри  од влезот. Во моментот на вчерашната несреќа во рудникот работеле 787 рудари.
 
Свето Николовски