Над 240 жртви: Очајничка трка со времето за спас на рударите во Турција

14.05.2014 17:14

Очајничка трка на спасувачите против времето во турскиот град Сома. Во рудникот за јаглен уште гори, се гасне само надежта за 120-те рудари што останаа закопани под земјата. Експлозијата однесе над 240 животи.Околу окното, роднините на рударите чекаат новости за своите најблиски, а од местото на несреќата веќе се изнесуваат ковчезите со загинатите.

„Ќе ги почнеме погребните процедури со роднините на загинатите рудари. Спасувачите ја продолжуваат потрагатак, но надежта се намалува“, изјави Танер Јилдиз, министер за енергија на Турција.

Турските власти прогласија тридневна жалост. На местото на несреќата пристигна и премиерот Ердоган, кој им изрази сочувство на загинатите и најави детална истрага. Во Истанбул, со лица обоени црно, демонстрантите ги обвинија власта и Сома Холдингот.

„Го приватизираа рудникот и раскажуваа приказни за успех. И што се случи? Не видовме да преземат мерки за заштита, да ги ценат животите на работниците. Напротив, ги загрозија за поголем профит“, вели Емре Еркаслан, демонстрант.

„Во Сома постојано се случуваат експлозии во рудниците во кои губиме работници. Нашето прашање е: направивме 10 инспекции. Најдовме 66 грешки. Беа казнети. Резултатот? Нови несреќи и загуби“, рече Озгур Озел, опозициски пратеник од Маниса.

Несреќата ја предизвика пожар на расипан трансформатор, 2 километри под земјата, во време кога во рудникот имало 787 рудари од две смени. Експлозијата го прекинала доводот на струја, поради што се исклучиле лифтовите и вентилацијата.350 работници успеаја да излезат од окното.

Ивана Салтировска