Здравје

Цреши - природен лек од дрво

29.05.2023 13:20

Сезоната на цреши е пред нас, а тие, освен што се вкусни и што освежуваат, можат да бидат ваш најдобар сојузник во борбата против разни болести и тегоби. Според мислењето на многу стручњаци, црешите се „природен лек од дрво“...

Сезоната на цреши е пред нас, а тие, освен што се вкусни и што освежуваат, можат да бидат ваш најдобар сојузник во борбата против разни болести и тегоби. Според мислењето на многу стручњаци, црешите се „природен лек од дрво“. Еве зошто уште треба да се јаде ова овошје во големи количини.

Го чуваат срцето, калиумот делува ефикасно на здравјето на срцето и е важна компонента на клетките и телесните течности кои ја регулираат работата на срцето и крвниот притисок. Благодарение на силното притвоспалително дејство, црешите претставуваат најдобар сојузник во борбата против болките во зглобовите.

Богати со антиоксиданти (полифеноли, витамини Ц и Е и бета-каротен), ова овошје ја спречува оксидацијата на клетките која ги следи воспалителните процеси, па им се препорачува на луѓето кои болуваат од гихт и артритис или кои имаат спортски повреди. Со помош на нивните заштитни киселини и овошен шеќер, црешите ја поттикнуваат работата на желудникот, цревата и панкреасот и со самото тоа го поттикнуваат варењето.

Освен тоа, црешите ја исфрлаат водата од организмот и на тој начин ги растоваруваат срцето и крвотокот и ги активираат бубрезите и црниот дроб. Антиоксидантите, како што се лутеинот, „зе-ксантин“ и бета-каротенот, ќе ги најдете и во слатките цреши, но сепак ги има повеќе застапено во вишните.

Овие соединенија делуваат како чистачи од слободните радикали и другите штетни соединенија кои играат важна улога во стареењето, развојот на рак и разни болести. Црешите се препорачуваат на оние кои патат од астма и алергии, но и на сите оние кои сакат да имаат убава кожа, затоа што тие го поттикнуваат производството на колаген. Црешите содржат и антиоксиданс мелатонин, кој го смирува нервниот систем и така помага против неврозата, несоницата и главоболката.

Имено, мелатонинот помага да се одржи нашиот биоритам уреден и точен. Црешите имаат многу малку мрснотии и се нискокалорични – во 100 грама цреши има само 63 калории, па затоа се одлична намирница за диетите. Поради големата количина на вода и малкуте калории, црешите помагаат во слабеењето.