Се урна уште еден рудник!

14.05.2014 20:34

Несреќата не оди сама во турските рудници. Уште гори во рудникот за јаглен во Сома, се урна друг, нелегален, во Зонгудлак.

Спасувачите го извлекоа телото на еден загинат работник од окното што наводно било затворено во февруари лани. Во Сома бројот на загинати порасна на речиси 250, властите оценуваат дека ова може да е најтешката рударска несреќа во Турција.

Сочувствувам со народот. Нашата 77-милионска нација чувствува голема болка во срцата. Несреќата ќе биде испитана до последниот детаљ“, вели Реџеп Таип Ердоган, премиер на Турција

Несреќата ја предизвика пожар на трансформатор додека во рудникот имало околу 800 рудари од две смени. Настраданите се задушиле од токсичниот јаглероден моноксид. Речиси 450 работници успеаја да излезат од окното, се трага по уште 120.Рударите од Сома ја раскажуваат својата приказна – нема безбедност, а синдикатите се само марионети на менаџментот кого го интересираат само пари.Додека, два километри под земјата, спасувачите се борат да дојдат до недостапните места, Турција ја зафаќа нов бран на протести.Ердоган го навлече гневот цитирајќи несреќа во британски рудник од 19-тиот век во одбрана на неговата влада, а исвиркана беше и опозицијата. Полицијата го затвори Гези по повикот на протести, а група млади луѓе со исцрнети лица изразија солидарност со рударите пред Сома Холдингот.

„Го приватизираа рудникот и раскажуваа приказни за успех. И што се случи? Не видовме да преземат мерки за заштита, да ги ценат животите на работниците. Напротив, ги загрозија за поголем профит, изјави Емре Еркаслан, демонстрант

Нашето прашање е: направивме 10 инспекции. Најдовме 66 грешки.

Беа казнети. Резултатот? Нови несреќи и загуби!? - прашува Озгур Озел, опозициски пратеник од Маниса

Според аналитичарите, безбедноста во турските рудници е под нивото на повеќето индустриски развиени земји.