Македонските одбојкарки посакуваат победа против Летонија

30.05.2023 18:34

Дуелот против Летонките доаѓа по саботната пресметка против Австрија (0-3) во Скопје, што за македонските одбојкарки беше прв натпревар на меѓународната сцена по долга пауза.

Македонската женска одбојкарска репрезентација со оптимизам го очекува вториот натпревар во Европската сребрена лига против Летонија, в среда во Скопје.

После долги години женската одбојка се врати на европската сцена преку Европската лига. Првиот натпревар против Австрија се одвиваше добро, иако секогаш може и подобро. За нас тоа беше прв натпревар после толку години и секако имаше позитивна трема меѓу нас играчите, изјави денеска репрезентативката Љиља Ковачевиќ за официјалниот сајт на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ).

Натпреварот против Летнија е закажан за утре со почетокот во 17: 30 часот во салата „Борис Трајковски“.

 

Фото: Facebook/ Одбојкарска федерација на Македонија