Објавен конкурсот „Цртај на македонски јазик“
Министерството за култура информира дека е отворен конкурсот „Цртај на македонски јазик“ за 2023 година, наменет за млади автори и уметници од независната културна сцена...

Министерството за култура информира дека е отворен конкурсот „Цртај на македонски јазик“ за 2023--та година, наменет за млади автори и уметници од независната културна сцена. Целта е преку различни културни активности, да се поттикне создавањето дела со употреба на македонски јазик од страна на младите уметници и независната културна сцена, неформални групи и автори од областа на културата.
Предлог проектите може да бидат: ликовни интервенции во урбан простор (графити) создадени на македонски јазик, налепници за социјални мрежи и канали за комуникација (Вибер, Инстаграм), самостојни и групни изложби на дела создадени со користење македонски јазик, литературни промоции, организирање дебати, конференции, работилници и слично.
