Здравствени придобивки на магдоносот
Покрај витаминот Ц, познат антиоксиданс, магдоносот содржи и витамини А, К и Е, кои ги штитат нашите клетки од ефектите на слободните радикали. Исто така, каротеноидите, флавоноидите и токоферолот играат голема улога во заштитата на организмот од дијабетес, срцеви заболувања, па дури и развој на туморни клетки.

Магдоносот е еден од најпопуларните зачини во светот, без кој многу јадења се незамисливи, а може да се најде во секоја продавница, свеж или сув. Но, сепак е повеќе од зачин бидејќи има многу здравствени придобивки. Магдоносот освен како зачин може да го применувате во секојдневниот живо и како лек за многу здравствени проблеми.
Иако навидум е многу едноставна билка, магдоносот е полн со витамини и минерали, без разлика дали станува збор за неговиот корен или лист. Најмногу содржи калиум, калциум и фосфор, па железо, манган, магнезиум и бакар. Тој е исто така богат со витамин Ц, и содржи многу повеќе отколку, на пример, лимонот. Еден лимон содржи 65 милиграми витамин Ц, а лисјата на страк магдонос содржат дури 166 милиграми. Но, коренот од магдонос сепак има помал процент на витамин Ц во споредба со неговите лисја, така што обично само лисјата се користат за правење чај од магдонос. Еве зошто треба да го пиеме секој ден.
Покрај витаминот Ц, познат антиоксиданс, магдоносот содржи и витамини А, К и Е, кои ги штитат нашите клетки од ефектите на слободните радикали. Исто така, каротеноидите, флавоноидите и токоферолот играат голема улога во заштитата на организмот од дијабетес, срцеви заболувања, па дури и развој на туморни клетки.
За магдоносот е познато дека прави детоксикација на целиот организам. Доколку сакате да го прочистите вашето тело, најдобро решение е да пиете чај од магдонос, особено ако сте консумирале премногу алкохол или масна храна. Бидејќи е диуретик, тоа ќе го подобри излачувањето на урината, а со тоа ќе одат и токсините.
Магдоносот има одличен ефект и на кожата – ја чисти, го смирува воспалението и спречува појава на акни и мозолчиња.
Храната богата со витамин Ц, како магдоносот, се покажа како успешна во спречување на појава на ревматоиден артритис. Чајот од магдонос е клучен за здравјето на коските како резултат на калциум, а особено витамин К, кој двојно се ослободува во овој топол пијалак.