Одбојка

Македонските одбојкари со победа над Белгија во Европската златна лига

01.06.2023 11:07

Македонија одлично го започна мечот, во првиот сет постојано ја имаше контролата на резултатот и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да дојде до водство, па на крајот очекувани беа 25:21 за нас...

Македонската одбојкарска репрезентација се израдува на првата победа во златната Европска лига, откако во „Борис Трајковски“ во Скопје ја победивме Белгија, и тоа со 3:1 во сетови.

Македонија одлично го започна мечот, во првиот сет постојано ја имаше контролата на резултатот и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да дојде до водство, па на крајот очекувани беа 25:21 за нас. Во четвртиот сет двете селекции започнаа израмнето и беше 7:7, а потоа беше 9:8 за Македонија, кога следуваа неколку фуриозни поени на нашите одбојкари.

За кратко време поведовме со 15:10, а највисокото водство го имавме на 21:14 и потоа без многу проблем стигнавме до 25:21 за првата победа во Златната европска лига за оваа сезона.