здравје

Диња, ризница на витамини и минерали

01.06.2023 11:35

Освен витамин А, дињата е одличен извор на витамин Ц, кој е важен за имунитетот. Покрај тоа содржи калиум, растителни влакна, како и витамините од Б групата. Комбинацијата на растителни влакна и витамините Б, ја прават намирница која го стабилизира нивото на шеќер во крвта...

Сочно, ароматично и вкусно овошје, кое освен што ќе ве освежи, ќе го нахрани вашето тело со витамини и минерали.

Дињата е богат извор на витамин А. Секојдневната консумација на ова овошје докажано го намалува ризикот од појава на катаракта во текот на староста.

Освен витамин А, дињата е одличен извор на витамин Ц, кој е важен за имунитетот. Покрај тоа содржи калиум, растителни влакна, како и витамините од Б групата. Комбинацијата на растителни влакна и витамините Б, ја прават намирница која го стабилизира нивото на шеќер во крвта.

Консумацијата на диња го намалува ризикот од појава на астма. Ризикот од појава на астма е помал кај лица кои консумираат висока содржина на одредени хранливи состојки како што е бета-каротенот, кој се наоѓа во овошјата со жолта и портокалова боја, како диња, тиква, морков и зелениот лиснат зеленчук како спанаќ и кале.

Портокалово-жолтеникавата боја на диња потекнува од бета-каротенот кој го содржи. Дињата е богата со минерали како што се калиум, магнезиум, акар, манган, цинк, калциум и железо.

Витаминот Ц е важна хранлива состојка која има заштитно дејство против астма, а во големи количини се наоѓа во дињата, цитрусните и тропските овошја.

Застапеноста на растителни влакна, калиум, витамин Ц и холин во дињата што ги содржи дињата, ја прават одличен сојузник за здравјето на срцето.