Вељаноски - Сочувство до турски колега Чичек за несреќата во рудникот

15.05.2014 11:35

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски испрати писмо со сочувство до претседателот на Големото Народно Собрание на Република Турција, Џемил Чичек за трагичната загуба на човечки животи во несреќата во рудникот во Сома.

- Во свое лично име и во името на пратениците на Собранието на Република Македонија да искажам длабока жалост за трагичната загуба на човечки животи во несреќата во рудникот во Сома, стои во писмото.

Вељаноски изразувајчи големо сочуство наведува дека со мислите се со семејствата на загинатите и повредените и со целиот турски народ.