Околу 90 рудари сеуште затрупани во рудникот Сома

15.05.2014 13:25

Времето не е сојузник на околу 90 рударите кои се уште се затрупани во рудникот Сома  во Турција. Над 400 спасители и пожарникари се обидуваат да дојдат до затрупаните, но надежта  дека се уште има живи е се помала.. .

„Досега извлековме 282-ца рудари, но во последниве 12 часа ниту еден не беше жив. Се уште има делови кои се затрупани и спасувачките екипи не можат да влезат“, вели министерот за енергетика Танер Јилдиз.

„Брат ми е заробен во рудникот, тој е дел од тимот за спасување, немаме никакви информации што се случило со него“, изјави сестра на еден од затрупаните рудари.

Се стравува дека бројката ќе биде многу поголема бидејќи за време на експлозијата во рудникот имало смена на работниците. Во земјата е прогласена  тридневна жалост.

„Вакви несреќи се случуваат секаде не само во нашата земја, благодарение на Алах до сега не сме имале вакви катастрофи“, истакна турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Според првичните информации експлозијата била предизвикана од неисправен електричен трансформатор. Претставници на компанијата Сома Комур соопштија дека сите мерки за безбедност биле во функција. Голем број земји понудиле помош во спасувачката акција. Во меѓувреме турската полиција се судри со демонстрантите кои во Анкара и Истанбул бараат оставка на Владата.Четирите најголеми турски  синдикати  денеска повика на масовни протести.

Марија Петковска