Бугарија
Бугарскиот парламент ја избра новата влада на чело со Денков
06.06.2023 17:57
Бугарскиот парламент денеска изгласа нова влада на чело со Николај Денков...

Бугарскиот парламент денеска изгласа нова влада на чело со Николај Денков.
За владата на премиерот Денков во 240-члениот парламент гласаа 132 пратеници. На овој начин заврши двегодишната политичка блокада.
Денков посочува дека прва задача на неговиот кабинет ќе биде да обезбеди парламентарна поддршка за буџетот за 2023 година.
Неговата политичка коалиција, предводена од партијата „Промената продолжува“, која на изборите во април го освои второто место, ќе ја предводи владата во наредните девет месеци.
Потоа премиерската функција ја презема поранешната еврокомесарка Марија Габриел, членка на партијата ГЕРБ, според коалицискиот договор што го потпишаа ГЕРБ и „ПП“.
