Израел

Нетанјаху: Израел ќе направи сè за да се одбрани од Иран

11.06.2023 10:41

Израелскиот премиер Нетанјаху рече дека дипломатијата не успеала да го спречи Техеран да развие нуклеарни капацитети и дека неговата земја ќе направи сè што е потребно за да се одбрани од Иран...

Израелскиот премиер Нетанјаху рече дека дипломатијата не успеала да го спречи Техеран да развие нуклеарни капацитети и дека неговата земја ќе направи сè што е потребно за да се одбрани од Иран. Ги отфрли напорите на САД за решавање на кризата само преку дијалог.

Предупреди дека „Иран е отворено посветен на уништување, повторување на Холокаустот и дека нема да седи со скрстени раце и да им дозволи на Иранците да го направат тоа.