Екстерно тестирање: Пријава на грешки и нејаснотии уште денес

16.05.2014 12:35

Учениците уште денес може да ги пријавуваат грешките и нејаснотиите што ќе ги забележат во прашањата  за екстерното тестирање. Сугестии и приговори  може да испраќаат до  Министерството за образование и до Државниот испитен центар.

Екстерното тестирање се спроведува втора година. Ќе бидат опфатени 189.000 ученици и 18.000 наставници.  Ќе се полага од 2- 10 јуни , а предметите ќе бидат познати на три дена пред полагањето.

Изготвени се 425.800 прашања по 5.141 предмет од сите струки и насоки. Раководствата на дел од скопските училишта ги прават сите контроли за оценувањето да помине без проблеми.

Средношколците велат дека имаат доволно време да се подготват и имале некои нејаснотии во прашањата.