Дејството на водата врз нашето здравје
Недоволното внесување на вода води до дехидратација, а во таков случај нормалното функционирање на телото е невозможно. Дури и слабата дехидратација веднаш носи негативни последици како намалување на енергијата, главоболки, замор. Водата го забрзува метаболизмот, го зголемува нивото на енергија, ја навлажнува кожата и му помага на телото да се ослободи од штетните токсини.

Луѓето можат многу подолго да преживеат без храна отколку без вода. Водата е неопходна за живот. Единственото нешто кое ни е попотребно за живот од водата е воздухот. Водата претставува околу 60-70% од нашата телесна тежина. секое делче од нашето тело има потреба од неа за правилно да функционира. Недоволното внесување на вода води до дехидратација, а во таков случај нормалното функционирање на телото е невозможно. Дури и слабата дехидратација веднаш носи негативни последици како намалување на енергијата, главоболки, замор. Водата го забрзува метаболизмот, го зголемува нивото на енергија, ја навлажнува кожата и му помага на телото да се ослободи од штетните токсини.
Некои од бенефициите од пиењето на вода се:
Водата ја зголемува енергија. Една од најчестите причини поради кои луѓето се чувствуваат изморени во текот на денот е дехидратацијата. Дури и најслабата дехидратација води до намалување на енергијата. Водата ѝ помага на крвта во транспортот на кислород и други материи до различните клетки во телото.
Го забрзува метаболизмот и помага во слабеењето. Токму затоа секоја диета препорачува пиење на барем 2 литри вода дневно. Консумирањето на 1-2 чаши вода пред оброк значително го намалува апетитот и води до внесување на помал број калории. Но, освен тоа, водата го забрзува метаболизмот, особено ако е ладна. Кога консумирате ладна вода, телото се обидува да се затопли, а за да го направи тоа, троши дополнителни калории.
Водата помага подобро и подолго да вежбате. Водата ја регулира телесната температура за време на вежбањето. Ако пиете доволно вода, ќе имате повеќе енергија и сила да го завршите вежбањето. Покрај тоа, водата ќе ви помогне да ги спречите грчевите на мускулите.
Водата го подобрува варењето на храната. Растителните влакна и водата се силна комбинација која го подобрува варењето на храната.
Го намалува ризикот од камен во бубрегот. Експертите предупредуваат дека честите случаи на камен во бубрегот кај децата и возрасните се последица на недоволната консумација на вода. Водата ги раствора минералите и солите во урината кои придонесуваат за создавањето на камен. Пијте доволно вода за значително да ја намалите веројатноста за појава на камен во бубрезите.
Водата може да ја излечи главоболката. Главоболката често се јавува како последица од дехидратација. Во таков случај, консумирањето на неколку чаши вода ќе ви помогне да се ослободите од непријатната болка.
Катерина Стојановска Десковска