Формула

Седма победа на Макс Ферстапен

03.07.2023 11:44

Макс Ферстапен, возачот на Ред Бул, победи на големата награда на Австрија и со седмиот овосезонски триумф е чекор поблиску да ја одбрани титулата светски првак во Формула 1...

Макс Ферстапен, возачот на Ред Бул, победи на големата награда на Австрија и со седмиот овосезонски триумф е чекор поблиску да ја одбрани титулата светски првак во Формула 1.

Втор низ целта на патеката Ред Бул Ринг во Шпилберг мина Шарл Леклер (Ферари), додека на подиумот се искачи и вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез.

Ферстапен до победата дојде на убедлив начин, задржувајќи го стартното место до самиот крај, и ја зголеми предноста во генералниот пласман со 229 бодови, 81 повеќе од клупскиот колега Перез а второто место.