Технологија

На пазарот за суперкомпјутери „Google“ развил нова машина

04.07.2023 11:06

Квантниот компјутер на компанијата може да врши пресметки во еден момент, за кои моментално на најмоќните суперкомпјутери во светот им се потребни 47 години...

На пазарот на суперкомпјутери „Google“ наводно развил квантен компјутер.

Квантниот компјутер на компанијата може да врши пресметки во еден момент, за кои моментално на најмоќните суперкомпјутери во светот им се потребни 47 години. Ова претставува значаен чекор во развојот и еволуцијата на квантните компјутери. Квантните компјутери би можеле потенцијално да направат револуција во областите како што се науката за климата и откривањето лекови, но тие исто така претставуваат предизвици за денешните системи за шифрирање, што ги прави врвен приоритет на националната безбедност.

Се вели дека новата машина, со значително подобрен број на кубити (70 во споредба со 53 во неговиот претходник од 2019 година) нуди експоненцијално зголемување на моќноста, што ја прави 241 милион пати помоќна од претходниот модел.

 

 

 

 

 

Фото:/ Wikipedia