Ракомет

Ангеловски нов спортски директор на Еурофарм Пелистер

05.07.2023 13:52

46-годишниот Ангеловски со Пелистер го освои шампионатот и Купот, а дел е од најголемите успеси и со македонската репрезентација, соопшти вчера битолскиот ракометен суперлигаш.

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер за нов спортски директор го именува Бранислав Ангеловски.

Нашиот поранешен ракометар и легенда на македонскиот ракомет почнува ново поглавје, откако оваа функција ја извршуваше и во романска Констанца. 46-годишниот Ангеловски со Пелистер го освои шампионатот и Купот, а дел е од најголемите успеси и со македонската репрезентација, соопшти вчера битолскиот ракометен суперлигаш.

Во својата играчка кариера Ангеловски настапуваше и за Пролет, Вардар и Металург во македонската Суперлига, а во странство настапуваше за Загреб (Хрватска), Винтерур (Швајцарија), Тулуз  (Франција), Ал-Аин (ОАЕ) и Констанца (Романија).

 

Фото: Фејсбук/ РК Еурофарм Пелистер