ЕХФ

РК Вардар 1961 ќе игра квалификации за ЕЛ

11.07.2023 11:37

Екипата на Вардар 1961 па пауза од една година се враќа на европската сцена и ќе игра квалификации за пласман во групната фаза на Европската лига...

Екипата на Вардар 1961 па пауза од една година се враќа на европската сцена и ќе игра квалификации за пласман во групната фаза на Европската лига. Вардар ќе мора да игра квалификации за ова натпреварување откако минатата сезона заврши на третата позиција во домашниот шампионат, додека Алкалоид како второпласиран оди директно во групната фаза.

Екипата на Вардар 1961 се во друштво на Тримо Требње, Констанца, Хановер, Акваш Санташ, додека во другиот шешир се Рајн Некар Левен, Гранољерс, Брага, Винтертур, Истад.

Ждрепката за квалификациите е закажана за 18 јули во Виена, а мечевите ќе се играат во периодот од 26-27 август и 2-3 септември.