Индонезија
Дипломати на Здружението на нациите од Југоисточна Азија ги започнаа разговорите во Џакарта
11.07.2023 14:47
Врвни дипломати на Здружението на нациите од Југоисточна Азија започнаа еднонеделни разговори во Џакарта...

Врвни дипломати на Здружението на нациите од Југоисточна Азија започнаа еднонеделни разговори во Џакарта.
Продолжениот граѓански судир во Мјанмар, тензиите во спорното Јужно Кинеско Море и загриженоста за трупањето оружје во регионот се очекува да доминираат на агендата на состанокот на АСЕАН.
Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг нема да присуствува на средбите поради здравствени причини, објави кинеското МНР. Јавност изрази загриженост за тоа каде е шефот на дипломатијата бидејќи долго време не се појавил во јавност.
