Израел
Протести во Израел поради спорната правосудна реформа
11.07.2023 14:48
Противниците на правосудните реформи во Израел ги блокираа автопатите што водат кон Ерусалим, Хаифа и Тел Авив...

Противниците на правосудните реформи во Израел ги блокираа автопатите што водат кон Ерусалим, Хаифа и Тел Авив.
Неколкумина се уапсени, а полицијата употреби водени топови во главниот град за да ги растера демонстрантите. Протестите почнаа утрово откако израелскиот парламент во прво читање ја усвои одредбата на законот со која ќе се ограничат овластувањата на Врховниот суд.
Реформскиот план предизвика повеќемесечни демонстрации на противниците кои предупредуваат дека земјата се турка во авторитарно владеење.
