Украина

Руски беспилотни летала извршија напад над Киев и други градови во Украина

12.07.2023 09:39

Втора ноќ по ред руски напади со беспилотни летала – камикази врз Киев. Системите за противвоздушна одбрана го одбија ударот, соопштија украинските власти...

Втора ноќ по ред руски напади со беспилотни летала – камикази врз Киев. Системите за противвоздушна одбрана го одбија ударот, соопштија украинските власти.

Русија, пак, извести за судири, вклучително и успешна одбрана на областите во близина на разурнатиот град Бахмут, каде Украина вели дека нејзините сили ги обновуваат своите позиции.

Претходната ноќ Русија лансираше 28 беспилотни летала во Киев и јужното пристаниште Одеса, а украинската противвоздушна одбрана собори 26 ирански беспилотни летала Шахед.