Северна Кореја

Северна Кореја истрела балистичка ракета, 12-та годинава

12.07.2023 09:39

Северна Кореја истрела ракета со долг дострел од нејзиниот источен брег, што претставува дванаесетто лансирање на Пјонгјанг годинава...

Северна Кореја истрела ракета со долг дострел од нејзиниот источен брег, што претставува дванаесетто лансирање на Пјонгјанг годинава.

„Северна Кореја постојано покажува став за зајакнување на своите нуклеарни ракетни капацитети и веруваме дека во иднина може да се случат дополнителни провокации како што се лансирање разни ракети и спроведување нуклеарни тестови“, изјави Хирокази Мацуно, главен секретар на јапонскиот кабинет.

Акциите на Северна Кореја следат по обвинувањата дека американски шпионски авиони неодамна го нарушиле нејзиниот воздушен простор, како и осудите за посетата на Јужна Кореја од страна на американска подморница со крстосувачки ракети на нуклеарен погон.