Косово

Косово се согласи да го намали присуството на полицијата околу општинските згради на северот

12.07.2023 11:57

Косовската влада соопшти се согласни веднаш да го намалат присуството на полицијата во и околу општинските згради на северот. Одлуката следи по состанокот со претставникот на Европската Унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак...

Косовската влада соопшти се согласни веднаш да го намалат присуството на полицијата во и околу општинските згради на северот. Одлуката следи по состанокот со претставникот на Европската Унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.

Договорено е косовската полиција, заедно со ЕУЛЕКС и КФОР, да ја процени безбедносната ситуација и да ја разгледа можноста за натамошно намалување на присуството на полицијата во и околу општинските згради.

Исто така е договорено избори за градоначалници на четирите општини на северот да се одржат по летната сезона.