САД

Градовите во Масачусетс под вода

12.07.2023 12:00

Градовите во Масачусетс останаа под вода, откако историските поплави зафатија голем дел од североисточниот дел на САД...

Градовите во Масачусетс останаа под вода, откако историските поплави зафатија голем дел од североисточниот дел на САД.

Државите Њујорк, Њу Џерси, Конектикат, Пенсилванија, Масачусетс и Вермонт беа зафатени од пороен дожд што ги блокираше мостовите и патиштата.

Гувернерот на Вермонт проценува дека илјадници жители ги загубиле домовите и бизнисите. Американскиот претседател кој присуствува на самитот на НАТО во Литванија, прогласи вонредна состојба во сојузната држава.