турција
Голем шумски пожар во Бодрум
14.07.2023 20:51
Гори на повеќе локации, а противпожарните екипи се во близина на меѓународниот аеродром...

Голем шумски пожар попладнето избувна во познатото турско летувалиште Бодрум. Гори на повеќе локации, а противпожарните екипи се во близина на меѓународниот аеродром. Во неговото гаснење учествуваат 7 хеликоптери, 3 авиони, десетици цистерни и голем број пожарникари.
Борбата со пламените јазици се очекува да трае во текот на целата ноќ.
