Владата се откажува од ДДВ на донациите за помош на Србија и БиХ

19.05.2014 16:13

Со последните законски измени ваквата пренамена на ДДВ-то е дозволена ако станува збор за цел од јавен интерес...

Средствата од ДДВ на донациите испратени за настраданите во поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина ќе бидат испратени како дополнителна помош, соопшти портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

На утрешната седница на Владата на Република Македонија ќе бие донесена одлука ДДВ од испратените донации да се пренамени како нова донација. Со последните законски измени ваквата пренамена на ДДВ-то е дозволена ако станува збор за цел од јавен интерес.