Заразни болести по полавите: Македонија засега не е во опасност

19.05.2014 17:31

Цревни болести, жолтица, западно нилска треска се заразните болести што ги демнат поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.

Институтите за јавно здравје не прогласија вонредна состојба. Во некои подрачја има зголемен број пациненти со хидрични заболувања кои го зафаќаат црвениот систем.

„Можат да се јават и одредени заболувања кои имаат подолга инкубација, како на пример хепатитис А, кој може да се јави по одреден период на инкубација што е карактеристично во вакви непогоди“, вели прим. д-р Благоја Алексовски, Институт за јавно здравје.

Поплавените подрачја се плоднапочва за појава на глодачи, а со распаѓање на пцовисаните животни опасноста ќе се зголеми. Засега Македонија не е во опасност, но западно нилска треска можат да ни донесат комарците.

„Почнуваат да се појавуваат инсекти, пред се, комарци кои носат т.н. вектор преносливи болести кои се присутни на овој терен“, додава д-р Алексовски.

Овие инсекти се множат енормно брзо, на квдаретен метар можат се размножат од 10 до 15 илјади комарци. Центрите за јавно здравје во Србија веќе почнаа со дератизација и дезинфекција за да го заштитат населението од зарази.

 

Наташа Јанчиќ