Италија

Италијански провинции погодени од силно невреме

27.07.2023 18:30

Силно невреме со град, ветер и изобилни дождови ги погодија италијанските провинции Милано, Варезе и Бреша...

Силно невреме со град, ветер и изобилни дождови ги погодија италијанските провинции Милано, Варезе и Бреша.

Поплавени се улици, урнати се многу големи дрвја и улични знаци. Италијанските медиуми известуваат и за смртта на млад извидник кој бил погоден од дрво за време на кампување.

Италија во моментов е погодена од две екстремни временски појави, високи температури и шумски пожари. Во пожарите што го зафатија Медитеранот, во Алжир, Италија и Грција загинаа повеќе од 40 луѓе, а илјадници се евакуирани.