Марко Коловски награден за најдбар музиколошки труд

20.05.2014 16:03

Благодарејќи на широкиот увид во македонското музичко творештво, како и одличното познавање на опусот на Кирил Македонски, Коловски во своето дело „Трнлиовиот пат до успехот од Гоце до Цар Самоил“ ги претставува околностите во кои се одвиваа премиерите на овие две оперски дела...

Во рамките на својата програма од областа на музикологијата Сојузот на композиторите на Македонија објави конкурс за најдобар музиколошки труд. Жирито во состав професор Стојан Стојков, Јане Коџабашија и Томе Манчев едногласно, за најдобро дело го пoддржаа трудот со наслов „Трнливиот пат до успехот, од „Гоце“ до „Цар Самуил“ – оперите на Кирил Македонски“, на истакнатиот македонски музиколог Марко Коловски, автор 6 книги, учесник во многу енклопедиски изданија, 600-тини рецензии и критики објавени во Македонското радио и стручни списанија во земјата и странство.

„Ова е навистина ретка и извонредна шанса за мене да напишам неколку збора за две маркантни дела од македонската музичка историја и за едно значајно македонско композиторско име во годината во која се бележат неколку годишнини: 30 години од смртта на Кирил Македонски, 60 години од поставувањето на првата македонска оепра ,,Гоце“ и 1000 години од смртта на Цар Самуил. Објавениот конкурс од страна на Сојузот на композиторите на Македонија, заедно со сознанијата кои што ги имав од порано за композиторот Кирил Македонски беа поттик да се трага во сферите на документарниот материјал кој што е многу малку или воопшто непознат за јавноста за да излезат на виделина определени аспекти поврзани со еден помалку социолошки дискурс околу создавањето и поставувањето на овие маркантни дела од македонската историја“, вели Марко Коловски- музиколог, добитник на наградата за најдобар музиколошки труд.

Благодарејќи на широкиот увид во македонското музичко творештво, како и одличното познавање на опусот на Кирил Македонски, Коловски во своето дело „Трнлиовиот пат до успехот од  Гоце до Цар Самоил“ ги претставува околностите во кои се одвиваа премиерите на овие две оперски дела од големо значење за почетокот и развојот на македонската оперска уметност.

„Проучувајќи и анализирајќи ги материјалите дојдов до интересни сознанија. Треба да се има предвид дека Кирил Македонски ја започнал својата прва опера Гоце кога имал само 26 години. Но тој имал исклучително високи идеали. Се сметал себеси дека е еден од оние кои што треба да ги постават темелите на македонската современа музика. Во многу музички области ова и се потвдрдува.При аплицирањето за поставување на операта ,,Гоце,, на сцената на македонската опера Кирил Македонски наидува на опеределени пречки,но без оглед на проблемите кои што произлегле операта „Гоце“ доживува 50 изведби во периодот од 24 мај 1954 година кога премиерно се извела до февруари следната година, кога самиот Кирил Македонски ја симнува операта од репертоарот“, објаснува Коловски.

Понесен од историските настани од времето на македонскиот владетел Самуил, Кирил Македонски ја создава и својата втора опера „Цар Самуил“.

„Во 1968 година Кирил Македонски се соочува со сличен проблем како и кај операта „Гоце“. Сепак неговото второ оперско остварување „Цар Самуил“ доживува 2 обнови на почетокот на 90-те и во 2000-та година. Во 68-та година од минатиот век Кирил Македонски е многу позрел и како автор и како човек. Операта ја пишува неколку години, а кога се соочува со истите проблеми за да ја докаже својата вистина се потпира на сите авторитети во тогашна Југославија. Тука се вклучува и Ловро Матачиќ со сопствена анализа и мислење за операта како и неговиот ментор Луцијан Марјаш Шкерјанц во чија класа докторира токму со оваа опера. Благодарејќи на сите тие дискусии иполемики како и на неговата попустливост операта „Цар Самуил“ влегува на репертоарот на Македонската опера“, нагалсува Коловски.

Од 1970 година кога почнува да егзистира македонската музикологија во поголем или помал обем придонесува за расветлувањето на македонското музичко минато и сегашност. Ваквите и слични дела претставуваат убав прилог кон развојот на македонската музикологија.  

 

Весна Малјановска