Италија
Голем пожар во складиште во близина на Рим
29.07.2023 17:32
Голем пожар избувна во складиште за отпад во близина на Рим. Густ облак од црн чад беше видлив од неколку населби во главниот град...

Голем пожар избувна во складиште за отпад во близина на Рим. Густ облак од црн чад беше видлив од неколку населби во главниот град.
Италијанските власти велат дека пожарот во индустриска област не предизвикала прекини во авиосообраќајот, нема жртви или повредени, но препорачаа прозорците да се затворат поради чадот.
Ова е втор пожар на депонија во Италија за една недела, откако во вторник беше запалена депонија во близина на Палермо, Сицилија.
