Нигер
Африканската унија со ултиматум до воената хунта во Нигер
30.07.2023 09:34
Африканската унија со ултиматум до воената хунта во Нигер за повторно воспоставување на демократски избрана влада во земјата во рок од 15 дена...

Африканската унија со ултиматум до воената хунта во Нигер за повторно воспоставување на демократски избрана влада во земјата во рок од 15 дена.
Исто така нагласи дека поранешниот претседател Мохамед Базум и другите функционери, чија состојба не е позната треба веднаш и безусловно да бидат ослободени.
Во исто време, Европската унија ја прекина финансиската поддршка и безбедносната соработка со Нигер, додека САД бараат итно ослободување на сменетиот претседател Базум.
