Аеродром во Москва е затворен по нападот со украински дронови
Аеродромот во Москва затворен по напад со украински дронови-тврдат руските власти. Освен оштетувања на деловни згради, жртви нема...

Руските власти соопштија дека три украински беспилотни летала ја нападнале Москва во раните утрински часови, при што е повредено едно лице, а предизвикано е привремено затворање на еден од четирите аеродроми околу руската престолнина. Покрај за Москва, руските власти ја обвинија Украина и за напад со дронови на Крим кој бил извршен во текот на ноќта при што 16 беспилотни летала биле уништени, а девет пресретнати. Украинскиот претседател претходно се закани дека руските окупатори ќе сносат одговорност по нападите во Днепар.
„За секој таков удар, за сиот руски терор, непријателот сигурно ќе ја почувствува силата на правдата. Ништо нема да заборавиме или простиме“, изјави украинскиот претседател, Володомир Зеленски.
Во рускиот ракетен напад врз украинскиот град Суми вчера загина најмалку едно лице, а 5 се повредени, соопшти украинската национална полиција. Синоќа, официјални претставници на Украина соопштија и дека Русија го нападнала градот Запорожје при што биле убиени две лица.
„Руските терористи со проектил погодија образовен објект во Суми. За жал, има жртви“, изјави Марина Полосина, портпарол на националната полиција, регион Суми.
Африканската мировна иницијатива за решавање на конфликтот меѓу Русија и Украина може да послужи како основа заедно со други иницијативи со иста цел, вели рускиот претседател Путин.
„Генерално, иницијативата според мене, може да биде основа на некои процеси насочени кон потрагата по мир, исто како и другите, како на пример, кинеската иницијатива“, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.
Во меѓувреме расте загриженоста во Европа дека борците на руската приватна воена компанија „Вагнер“ кои се наоѓаат во Белорусија би можеле да се претставуваат како мигранти и да влезат во Европската унија.
Маријана Димовска
